МЛЕКО
Од тетрапак млекото во лонче стече,
и слушна како таму некој рече:
„Еве, пред Искра во сон да здивне,
за неа ќе стоплам какао да пивне.“
Млекото од страв речиси скисна:
„Не сакам“ силно писна!
Да ги изгубам белината и вкусот мој,
тоа е за мене одвратен спој!
Но, колку и да го лути овој час
оздола силно грее врелиот гас.
„Какао, јас?! Никогаш, не!
Јас сум гордо и тоа е сè!“
бесно скокна, од лончето стана
да остане чисто и бело без мана.
„Секогаш ќе останам млеко, знај!“
викна дури го бришеа од последниот крај.
превод: Дарко Јан Спасов
СТРАШЛИВА
Креветот е веќе спремен
а под ќебе гуштер зелен.
Го клоцнеш ли пред топол сон,
ќе те касне право в ѓон.
Викнеш ли од страв,
ќе го разбудиш смокот прав,
кој спокојно мустак мие
и под постела мирно спие.
Од него никој не треба да се плаши
па не е отровен како змиите наши!
А кога од страв угоре ќе врисне,
и до тебе силно стисне
силно знае тој да стегне
и секого в постела да легне.
И затоа прчиш нос
леташ надвор – за среќа бос,
фрлаш чевли, правиш лом
во нив скорпија направила дом.
Сега станува страшно.
Стравот сее ко бело брашно
сега, сега, канџа ќе те фати
сенка црна ќе ти плати
и вампир некој или волк,
на бегање ќе ти фати колк.
Сега од сè ти е страв,
сам во ноќта полна прав.
Гледаш едно големо цвеќе,
и од него бегаш, не знаеш веќе,
цвеќе ли е или ѕвере,
има полен или месо ждере.
Еве помош, еве батко,
но крадец бил на вкусно слатко,
жив го фати како крка
и со раце плен си срка.
Штом те гледа како крава,
може да ти летне глава.
„На помош!“ гласно викаш в силен тон.
СЕГА ЗАСПИ И МИРЕН СОН.
превод: Дарко Јан Спасов